Кекеновски: Има повеќе причини зошто Ахмети игра топло – ладно со Заев

by fokus

Професорот Јове Кекеновски во интервју за Фактор го анализира однесувањето на  Али Ахмети, лидерот на ДУИ во однос на  преговорите со СДСМ за формирање на идната Влада.

„Постојат повеќе причини зошто Али Алхмети и ДУИ играат топло-ладно со СДСМ и Зоран Заев. Првата причина е фактот дека постојат повеќе струи во ДУИ каде секоја од своја аспект и интерес навиваат или за СДСМ или за ДПМНЕ. Се добива впечаток дека во овој момент побројна и повлијателна е онаа која ја водат градоначалниците на Тетово, Чаир и Гостивар кои се истовремено и потпретседатели на партијата наспроти про-вмровските Албанци во ДУИ“, вели Кекеновски.

Плашејќи се од раскол во партијата, вели професорот Кекеновски, Али Ахмети се обидува да купува време за да ги смири страстите во партијата како и да ги избие адутите на провмровската струја од причина што нивен главен адут е фактот што Груевски се согласил на се што побарале освен СЈО како и досегашната нивна соработка.

„Од друга страна поради прагматични, но и лични причини лидерот на ДУИ настојува да остане во добра релација и односи со меѓународната заедница која не е благонаклона кон вмровската криминализирана партиска вршушка, а од која Ахмети не може преку ноќ да се оддели, но и да се ,,амнестираат” сите оние кои долго време соработувале со нив и затоа се обидува да добие што е можно повеќе време за да се избалансираат сите работи“, анализира Кекеновски.

Во врска со обидите и најавите за дестабилизација, вели Кекеновски во интревјуто за Фактор, тоа е уште еден чекор на очајните и бескрупулозни политичари монструми кои по којзнае кој пат се обидуваат за личен спас да жртвуваат невини и недолжни луѓе свртувајќи го вниманието кон прашањата за федерализација и јазикот.

Поврзани новости