Кекеновски даде 13 причини за формирање фракција во ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Професорот Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил даде 13 причини поради кои се формира фракција во најголемата опозициска партија ВМРО–ДПМНЕ.

1. Неснаоѓање на новото наметнато партиско раководство,
2. Водењето на недоследна партиска политика,
3. Страв од понатамошно обезличување на партијата,
4. Партијата да стане вистинска и реална, а не фиктивна или договорна опозиција, која ке има свои конкретни и долгорочни, а не дневно политички ставови, принципи, идеологија и политика,
5. За најкратко можно време со ново и демократско избрано раководство од членовите на партијата, да се врати како победник на политичката сцена,
6. Партиската енергија и сила да ја насочиме во одбрана на интереси на граѓаните на РМ, а не истата да се губи во пазарања со политичкиот ривал за ослободување или амнестија на оние кои сториле криминал и зло,
7. Партијата да се врати на членството и расчистување со авторитаризмот,
8. Проветрување на партијата од соработници на службите, криминалните и аморалните структури, од одработувачите за туѓи интереси и недостоинствените, од прелетачите (ловци на функции),
9. Да ја промениме наследената фамилијарна состојба во која се наоѓа нашата матична партија,
10. Да ја вратиме препознатливоста на ВМРО ДПМНЕ како партија на македонското национално и граѓанско единство, а не како партија кој дели и разделува.
11. Да покажеме дека сме партија со европски и цивилизациски вредности, а не заробеници на личните фрустации на партиските раководства.
12. Против меѓупартиски нелогични јавни и тајни сојузништва и партиски договори и преговори спротивни на иделошките определби на партијата,
13. Не сакаме и нема да дозволиме и понатаму ДУИ и СДСМ да го девалвираат највисокиот законодавен дом и институциите на државата и со сите сили и демократски средства да го спречиме секој обид за обезличување на државата и ставање на пиедестал на државните и национални интереси.

Поврзани новости