Кекеновски: Чулев да одговори што криела Агенцијата за разузнавање за „Диво насеље“

by fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев да одговори што криела Агенцијата за разузнавање за истрагата за случајот „Диво насеље“ додека тој бил директор, побара денеска Јове Кекеновски од Коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“.

„Договореното дозирано меѓусебно напаѓање излезе од контрола и јавноста овие денови ќе дознае уште многу монструозни нешта. И тоа е добро. Но, јавноста не смее да го остави Наќе Чулев и понатаму, веќе петти ден, да молчи за обвинувањата од сегашниот директор на Агенцијата за разузнавање дека додека бил директор на Агенцијата таа не била искрена со Јавното обвинителство во истрагата за „Диво насеље“. Чулев е должен да одговори што тоа Агенцијата криела од обвинителството“, рече Кекеновски.

Реакцијата на Кекеновски следува откако директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, во неделното интервју на Радио Слободна Европа,  рече дека Агенцијата за разузнавање сокрила дел од информациите поврзани со терористичкиот напад в Куманово.

Поврзани новости