Британската манекенка Кејт Мос го привлече вниманието и беше мета на критики дека претерала со изборот на фустан за една забава во Лондон. За оваа прилика познатата манекенка избрала проѕирен долг фустан со длабоко деколте.
Од деколтето во еден момент додека Кејт шета со својата пријателка се покажуват нејзините голи гради, а тоа папараците веднаш го уловиле.
Пред неколку дена Кејт се појави на една церемонија на врачување награди, каде требало да ги најави победниците. Во таа прилика манекенката го заборавила својот текст и освен „добровечер дами и господа“, не знаела да каже ништо друго додека панично пребарувала низ телефонот во потрага по говорот.
amber voodoo strikes another 😬 pic.twitter.com/1sx9S4KJAl
— Ivana Escalera (@IvanaE) November 8, 2022