Кејт Мидлтон утре нема да се појави на велигденската миса

by Fokus

Британското кралско семејство во последно време се бори со многу неволји. Имено, и кралот Чарлс и принцезата Кејт Мидлтон водат тешка битка со опасна болест.

Како што претходно соопштија од палатата, кралот и принцезата привремено се повлекоа од должноста поради нивната здравствена состојба.

Беше кажано дека Кејт ќе го направи своето прво појавување на Велигден, утре, но тоа нема да се случи.

Кралот Чарлс и сопругата Камила ќе присуствуваат на Велигденската богослужба во недела во Св. Џорџ. Тие ќе бидат придружувани од неколку високи членови на кралското семејство, но нема да бидат таму принцот и принцезата од Велс.

Иако рекоа дека Кејт Мидлтон ќе се појави за Велигден, одлучено е таа, Вилијам и децата да не присуствуваат на богослужбата, пишува „The Sun“.

Инаку, утрешното појавување ќе биде првиот голем настан за Чарлс, кој има 75 години, откако во февруари му беше дијагностициран рак.

Коментарите на социјалните мрежи се дека принцезата исчезнала и дека се повторува истото сценарио како со принцезата Дијана.

Поврзани новости