Капитенот на „Гордиот Албион“ – голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ја доби наградата „Златна копачка“ како најдобар стрелец во европските фудбалски лига за минатата сезона.
На церемонија која се одржа во Минхен, Кејн ја доби наградата затоа што минатата сезона во Бундеслигата постигна 36 голови на 32 меча.
Англичанецот досега трипати беше најдобар стрелец во Премиерлигата, но никогаш претходно ја немаше освоено „Златната копачка“.
„Тоа е фантастично чувство. Наградата е за сите. Без вас немаше да стојам овде. Многу сум горд што ја добив оваа награда. Со нетрпение ја очекувам новата сезона. Чувствувам нова енергија“, рече Кејн.
Сепак, кај него останува горчината поради тоа што во кариерата се уште нема тимска титула, ниту со Тотенхем, ниту со Баерн, а ниту со Англија.