Кејн ја презеде одговорноста за поразот на Англија

by fokus

Амглискиот напаѓач, Хари Кејн е трагичната фигура на Англија откако промаши пенал во четвртфиналето на Светското првенство за ремито 2-2 против Франција.

Откако судијата означи крај на натпреварот, потресениот Кејн падна на тревникот. Снимател се обиде да го сними Кејн од непосредна близина, а потоа интервенираше голманот на Англија, Џордан Пикфорд и го избрка. „Малку почит, ве молам“, рече Пикфорд.

се осврна на поразот од репрезентацијата на Франција (1:2) синоќа во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

– Мундијал се одржува на секои четири години, следната можност ќе треба да се чека долго време. Горд сум на момците, имавме одличен турнир. Ја преземам одговорноста. Имаме талентирани фудбалери, Европското првенство ќе се одржи за година и пол. Тешко е не само за мене, туку и за сите други. Сепак, ова е фудбал, спорт, треба да се оди напред, рече Кејн во интервју за „ITV“.

Поврзани новости