Кедев го искачи седмиот највисок врв во светот

by fokus

Кардиологот Сашко Кедев завчера ја искачи Даулагири, планина од планинскиот венец Хималаи. Нејзиниот врв со својата надморска висина од 8.167 метри претставува седмиот највисок врв на светот.

Кедев беше дел од експедицијата од 21 член, предводена од тимот на „Мингма Џи“, известија од „The Himalayan Times“.

На 19 мај 2009 година Сашко Кедев го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Со тоа, тој стана третиот Македонец кој го има освоено највисокиот врв на светот. Минатата есен, кардиологот ја искачи и планината Манаслу, која со својата надморска височина од 8156 метри, претставува осма највисока планина во светот.

Поврзани новости