499
Армијата на Република Македонија известува дека во од касарната Илинден во Скопје, вечерва во 19 часот, ќе бидат испалени 10 артилериски плотуни. Со артилериската стрелба ќе започне централната свеченост која денеска се одржува по повод Денот на АРМ.
Годинава се прославува 25-тиот роденден на Армијата. На 3-ти јуни 1993 година Владата на Република Македонија донесе одлука со која 18 август, денот на формирањето на баталјонот “Мирче Ацев” во 1943 година, го прогласи за Ден на Армијата на Република Македонија.