„Ќе соработуваме со Русија на ист начин како и досега“ порача Сијарто

by Fokus

Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто, по билатералната средба со рускиот колега Сергеј Лавров на маргините на самитот на ОБСЕ во Скопје, објави дека надворешната политика помеѓу двете земји се води врз основа на националниот интерес и дека не прифаќаат никаков надворешен притисок.

„Во наредниот период ќе соработуваме со Русија на ист начин како и досега. Двете најважни вести за ова се: Синоќа завршија оградните работи во Пакси, што значи дека изградивме ограда во должина од 2,7 километри со рекордна брзина, така што останува реална цел на почетокот на 2030-тите да се произведуваат нови блокови од нуклеарната централа Пакси. Во однос на испораките на природен гас и нафта, колегата Сергеј Лавров увери дека Русија и руските компании целосно ги почитуваат договорите што ги склучија со нас. Сите транспорти се вршат според распоредот и така ќе остане“, напиша на Фејсбук унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто.

Поврзани новости