Иницијативата што денеска ја поднесе советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е токму во оваа насока, граѓаните на Скопје да не останат без градски превоз, истакна советничката Марија Андоновска.
„Но, бидејќи сега во моментот слушнавме дека тоа ќе се случи утре од 4:30 часот, ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сме подготвени во моментот да се откажеме од сите дискусии кои што беа предвидени сега во моментот, да дадеме пауза ако треба од неколку часа и да побараме од градоначалничката веднаш да ни ја достави одлуката. Ќе седиме колку што е потребно и за да ја изгласаме таа одлуката и уште вечерва да се префрлат средства на вработените во ЈСП и од утре автобусите да можат слободно да се движат и граѓаните на Скопје да имаат превоз“, тврд Андоновска.