249
Јавното обвинителство нареди обдукција за починатото лице во сообраќајката кај село Марена, во која учествуваа три патнички моторни возила.
Како што појаснија од Обвинителството, бил извршен увид на лице место на патот Неготино – Кавадарци. Еден возач починал, а друг бил повреден. Две лица биле неповредени во третото возило, во сообраќајката која се случи нешто по 16 часот, на стариот пат меѓу овие два соседни градови.
Како што информираат од Здравствениот дом во Неготино за МИА едното лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.
Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката.