Ќе се вратиме ли на „старото нормално“: Препорачано укинување на сите Ковид мерки

by fokus

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со КОВИД-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица, соопшти Министерството за здравство.

Воедно, како што се посочува, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со КОВИД-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, стои во соопштението.

Поврзани новости