Ќе се вратат ли избрканите од Комунална хигиена на работа?

by Fokus

Сојузот на синдикатите на Македонија извести дека од страна на Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор.

-СУТКОЗ и ССМ очекуваат Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе ја одржи денес постапувајќи согласно Инспекциската мерка како и врз основа на поднесените приговори од работниците да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати веднаш на работните места, стои во соопштението на Синдикатите.

Поврзани новости