Ќе се стави во функција модуларната болница за Ковид заболени

by fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју за 360 степени најави дека во план е да се стави во функција модуларната болница која е во дворот на Инфективната клиника.

-Функционира системот на ротација. Тој систем значи дека лекари специјалисти, пред се од струките на интерна медицина кои имаат искуство во лекување на белодробни заболувања им помагаат на своите колеги. Тие се интернисти по пулмологија. Тие имаат искуство и знаат како се лекуваат овие болести. Со таков систем функционираме изминатиов период. За да не се наруши работата на другите одделенија на „8 Септември“, ние планираме да ги ангажираме капацитетите на модуларната болница која е до Инфективната клиника, рече Филипче.

 

Поврзани новости