Ќе се сослушуваат тројца нови сведоци за убиството на малата Данка

by Fokus

Во Вишото Јавно обвинителство во Заечар за денеска е закажано сослушување на нови сведоци во истрагата за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, која, како што се сомневаат, ја убиле работниците на ЈКП „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ (50) и Срѓан Јанковиќ (50).

– Во прашање се двајца соседи од Бањско Поле, од кои не се очекува ништо пресудно. Но, властите ги контактирал човек од Бор, кој е трет сведок, кој рекол дека џогирал точно во моментот кога осомничените биле на отпадот и наводно го фрлиле телото – изјавил изворо за српските медиуми и додал.

– Што точно видел, зошто излегува дури сега, ќе дознаеме. Постои можност неговото сведочење да докаже дека навистина го фрлиле на буниште убиеното тело …

Инаку, осомничениот Дејан Драгијевиќ, кој на рочиштето во обвинителството по апсењето го призна делото и детално го опиша, побара обвинителството повторно да го сослуша.

За убиството на Данка, да потсетиме, осомничени се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот кај Бор, кои го признале делото велејќи дека девојчето го удриле со возило на ЈКП „Водовод“ по што едниот од нив со голи раце ја задавил.

Тој откри и дека во криењето на телото на девојчето му помогнале татко му Радослав и сега починатиот брат Далибор, кој, да потсетиме, неколку часа по апсењето почина во полициската управа Бор.

Инаку, обвинителството има уште три месеци да поднесе обвинителен акт, со оглед на тоа што законскиот рок за поднесување обвинителен акт е шест месеци.

Во досегашната истрага сослушани се 17 сведоци, меѓу кои и родителите на Данка.

Исто така, обвинителството добило и дел од вештачењето на ДНК-трагите земени од автомобилот со кој се сомнева дека било удрено девојчето, но немало совпаѓање со биолошката трага на Данка.

Во тек е вториот дел од ДНК прегледот, како и прегледот на ГПС уредот од автомобилот. Во истрагата, извршен е невропсихијатриски преглед на двајцата осомничени.

 

Поврзани новости