Претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово и пратеник, Мартин Костовски покрена иницијатива за собирање на потписи за поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера даде оставка од партиската и премиерската функција по поразот на вчерашните локални избори.
-Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ. Од утре 02.11.2021г.(вторник) почнуваме со собирање на потписи за поддршка на претседателот Зоран Заев за лидер на СДСМ во ОО СДСМ-Куманово.Утре почнуваме како кумановци нека се продолжи во сите општински низ државата. Со наш потпис, поддршка за Заев за лидер на СДСМ, објави Костовски на својот Фејсбук профил.
Заев синоќа соопшти дека ја презема одговорноста за поразот на локалните избори и најави дека ќе даде оставка и од премиерската и од партиската функција. Попладнево е на средба со коалиционите партнери, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој е дел од коалицијата соопшти дека не се согласува со оставката на Заев и дека го убедувал да се премисли.