Ветувањата на политичките партии во предизборието ќе бидат забележани на посебна платформа која ќе ја следи транспарентноста на реализацијата на политиките од идната Влада.
Станува збор за нова алатка финансирана од Британската амбасада, чија цел е зголемување на отчетноста на политичките чинители за рационално трошење на јавните пари.
Новата платформа „Одговорна Влада“ на Центарот за управување со промени (ЦУП), на едно место ги собра изборните ветувања во програмите на партиите за престојните парламентарни избори, а по конституирање на новата Влада ќе следи што ќе влезе во нејзината програма и дали и колку ќе се оствари. Целта е пред изборите платформата да биде ресурс за информирање на граѓаните за изборните ветувања, а по изборите за тоа колку тие програми навистина ќе се остварат.