Минситерството за одбрана распиша четири огласи за јавни набавки за одржување на возилата, за кои Фокус претходно пишуваше дека се во лоша состојба. За оваа намена, министерството проценува дека ќе потроши 8.425.424 денари.
Министерството ќе набави резервни делови за неборбени моторни возила, резервни делови за специјални моторни возила и Материјални средтва за опслужување и одржување на воздухоплови, уреди за одржување и сервисирање на моторни возила, како и уреди за миење на моторни возила.
Со овие огласи, возилата на армијата конечно, после повеќе од 10 години ќе добијат нови гуми по НАТО стандардите, а ќе се сервисираат и возилата кои како што пишуваше Фокус, често се расипуваат.
Нашите извори тврдеа дека поради честите расипувања на возилата, припадниците на Армијата или чекаат друго возило, или пак се обидуваат самите да го поправат возилото.
Министерството распиша и оглас за 14.000 комплети на воено-теренска униформа, за кои проценетата вредност е 46.271.186 денари.
Александар Тодески