Ќе се реконструира студентскиот дом „Стив Наумов“

by fokus 19:43
19:43

Владата на Република Северна Македонија на денешната 139 седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за образование и наука да спроведе постапка за реконструкција на Студентскиот дом во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, во најкраток можен рок.

Реконструкцијата, во владиното соопштение, се образложува со прифатената информација за настанатата ситуација во поглед на одредени недоследности и неправилности утврдени во зградата 1 во студентската населба „Стив Наумов“ во Скопје, при извршен инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат.

- Advertisements -

Поврзани новости