Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека суверенитетот и независноста на Белорусија се неприкосновени и дека Белорусија никогаш нема да се сврти против Русија.
Тој тврди дека стратегијата за блиска соработка со Русија се покажала точна и додава дека Договорот за Унијата меѓу Русија и Белорусија од 1997 година не ги нарушува суверенитетот и независноста на овие две земји.
„Гледам обиди за раздвижување на ситуацијата. И по овие големи преговори (претстојните разговори меѓу претседателите на Белорусија и Русија во Минск на 19 декември) сите ќе кажат дека е готово: во Белорусија веќе нема влада, Русите веќе ја водат државата. Сакам уште еднаш да нагласам дека со Белорусија никој не управува освен легално избраната белоруска власт . Тоа се наши задачи, вклучително и моите, според Уставот. Ние ги исполнуваме овие задачи“, изјави белорускиот претседател Лукашенко
Тој истакна дека Белорусија била подготвена да продолжи како дел од Советскиот Сојуз, но сепак станала независна држава
Лукашенко е убеден дека одржувањето пријателски и сојузнички односи со Русија е од клучно значење. „Никогаш нема да бидеме непријатели на Русија. И никогаш нема да се свртиме против Русија. Таа земја и нејзиниот народ се најблиску до нас. Мислам дека ќе се држиме до таа стратегија додека сме на власт. Ако постапевме поинаку, ќе завршевме како Украина“, заклучи белорускиот лидер.