Ќе се проценува штетата од пожарите во целата држава

by Fokus

Претставници од Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта денеска од атарот на кочанското село Тркање го почнаа увидот на опожарените подрачја во целата држава, по што ќе се направи проценка на штетата и пресметка за потребните средства за обновување на тревните површини.

Паралелно со оваа активност, ќе се инвестираат 30 милиони денари за изградба на нови поила за стоката, за набавка на опрема за довод на водата и за поставување куќички за овчарите.

– По завршувањето на увидот ќе доставиме детален извештај до Владата за вкупната штета и за количините семенски материјал што е потребен за да се обноват пасиштата. Се работи за обемна задача што ќе трае до почетокот на есента, а во истиот период ќе го реализираме пилот-проектот за обезбедување нови водопоила за стоката и друга инфраструктура, а за кој тендерската постапка е во тек. Целта е да им помогнеме на сточарите во надминувањето на проблемот со недостиг од пасишта што беа оштетени од пожарите, како и од долготрајниот сушен период, истакна Виолета Илиевска, заменик директорка на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта.

Поврзани новости