Демонстрантите кои веќе пет дена протестираат од утрово од 11 часот ќе бидат пред Собранието, додека внатре пратениците го разгледуваат договорот за решение на спорот со името помеѓу Македонија и Грција.
Тие на вчерашниот протест беа повикани „да ги блокираат сите влезови на Парламентот“ од Филип Петровски, фракционерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во говорот побара оставки од пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Вчерашните протести поминаа мирно, за разлика од оние пред 2 дена, на кои поради насилно однесување, туркање на заштитната ограда, фрлање камења и пиротехнички средства кон Собранието и полицискиот кордон, и обид за насилно влегување во собраниската зграда, МВР приведе 26 лица, а беа повредени седум полицајци. Лекарска помош побарале уште 10 лица.
Иако на протестот Петровски фрлањето камења и пиротехнички средства се обиде да го прикаже како фрлање „2-3 пластични шишиња со вода“, видеата кои ги објави Министерството за внатрешни работи го демантираат неговото тврдење.