Ќе се пролонгира рокот за добивање потврда од специјалист за хронично болните

by fokus

Хронично болните лица до 23-ти септември треба да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа, но, доколку не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран, соопштија од Министерството за здравство.

За да можат пациентите да го реализираат тоа, пуштени се дополнителни термини во Мој Термин и е-амбуланта.

– Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, рокот ќе биде пролонгиран. Со ова ќе се овозможи секој пациент, кој навистина треба да биде ослободен од работа и за да се избегне злоупотреба на системот, лекарот специјалист врз основа на својата експертиза и состојбата на пациентот ќе процени дали тој може да се врати или ќе добие потврда дека е ослободен од работа, наведоа од МЗ.

За потребите на системот, направена е измена на правилникот за боледување во Фондот за здравствено осигурување и значително се олесни процедурата со која се овозможува лекарот специјалист да даде потврда за отсуство од работа во времетраење од шест месеци.

 

Поврзани новости