503
Комисијата за спречување на корупција ќе побара од одговорното лице во АД ЕЛЕМ да го испита вработувањето на синот на Тахир Хани, заменик генерален секретар во Владата. Според Антикорупцска во овој случај има сериозни индиции на непотизам.
Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, рече дека со вработувањето на Назми Хани се прекршени два закони.
Назим Хани е вработен во 2019 година преку Агенцијата за привремени вработувања како референт во подружницата Треска. Она што е особено индикативно според Антикорупциска, е тоа што е вработен на неопределено време.