Ќе се прави ревизија на Музејот на ВМРО, илјадата мали сувенири и статуетки од Скопје 2014

by Fokus

Музејот на ВМРО набрзо ќе биде дел од анализата на работната група која врши ревизија на проектот „Скопје 2014“, најави денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

– Музејот на ВМРО ќе биде набрзо дел на нивната опсежна анализа, а секако ќе се осврнат и на илјадата мали сувенири и статуетки од проектот Скопје 2014. Така што дел по дел адресираат различни аспекти. Нивните елаборати потоа ги преземаме во Министерството за култура, а заедно со интерресорската група од општина Центар и Градот Скопје разговараме како понатаму да се постапува. Доколку има потреба и Градот и Министерството и општината Центар преземаат продолжителни анализи со цел евентуалното отстранување да биде изведено согласно сите законски процедури – истакна Алаѓозовски.

 

Поврзани новости