Ќе се прави ДНК-анализа за да се утврди идентитетот на загинатите меѓу кои има 12 деца, изјави заменикот на главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов. Тој рече дека ќе се анализира дали причина за несреќата е грешка на возачот или технничка неисправност на автобусот.
Тоа што во моментов можам да кажам е да ве информирам според кои приоритети работиме како обвинителство, а тоа е да утврдиме дали се работи за грешка на возачот на автобусот или станува збор за техничка неисправност на автобусот која довела до катастрофа и фатален исход.
Четири автобуси биле на релацијата од Истанбул, имаме информација дека биле 52 патници, 12 деца, а седум се преживеани. Оттаму, нашата математика е дека загинале 45 патници.Ќе биде направена ДНК-анализа на сите жртви, со цел да се утврди идентитетот на загинатите. Тоа што го имам како информација е дека во автобусот немало бугарски граѓани, изјави заменикот на главниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов,