Осум милиони евра е вредноста на договорите кои државните институции ги склучиле со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и патиштата во зимски услови за сезоната 2021-2022 година, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации.
Според извештајот, како и претходните години, така и оваа, најмногу пари за оваа намена ќе потроши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – 5,2 милиони евра што е 65 % од вредноста на вкупните договори.
Градот Скопје и уште девет други скопски општини сезонава за зимско чистење на улиците и за сол заедно ќе потрошат околу 1,4 милиони евра.
Од другите општини, најмногу пари за зимско одржување планираат да потрошат Прилеп, Куманово и Струга. Прилеп – 195 илјади евра, Куманово 146 илјади евра и Струга 98 илјади евра.
Конкуренцијата на тендерите е исклучително ниска, просечно по 1,7 понуди по тендер, а повеќе од половина од тендерите биле само со една понуда.
Фирмате Димакс рудници од Демир Хисар со 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво е на врвот, според вредноста на договорите.
За пет тендери сѐ уште не се објавени склучените договори, ниту нивните износи.