Ќе се отвораат центри за вакцинација и во Струмица, Прилеп и Велес

by fokus

Владата на денешната седница ја усвоила информацијата за формирање на регионални центри за КОВИД-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес.

Задолжено е Министерството за здравство, во соработка со општините Струмица, Прилеп и Велес, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против КОВИД-19 во овие градови.

Со оваа одлука Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.

Поврзани новости