Денеска претпладне почнува отстранувањето на барикадите на северот на Косово како резултат на разговорите меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претставниците на Србите од Косово во Рашка.
Претседателот Вучиќ по разговорот со Србите од Косово и Метохија изјави дека имале разговор кој бил сè само не лесен.
-Од утре пред пладне почнува отстранувањето на барикадите, тоа не може да се направи за два часа, дали за 24 или за 48 часа, ќе се отстранат барикадите, но недовербата не е отстранета.
Тие што мислат дека можат да си играат со животот на Србите и нивниот опстанок, треба да знаат дека, како што не сме дозволиле досега, сите заедно, особено вие, нема да дозволиме ниту во иднина.
Мораме да разговараме и да се обидеме да ја вратиме довербата. Никогаш не сме виделе поорганизиран отпор на српскиот народ, рече Вучиќ.
Тој изјави дека имале тешки разговори, но дека биле многу искрени.
Вучиќ од барикадите го прочитал текстот што му го врачиле Србите, кои, како што објави, рекле дека не сакаат да одат против својата земја, но дека бараат никогаш да не се признае самопрогласената независност на Косово. .
-Ако одат и фатат еден или двајца од нас како зајаци, нема повеќе зајаци, бидејќи зајаците стануваат волци. Тоа е крајот на секоја приказна, нема веќе договор, нема дискусија за тоа, нема гаранции. И покрај се, јас зборував денеска дополнително со претставници на САД и ЕУ, дури и за имињата на луѓето и реков не се обидувајте да го правите тоа. Нема ниту еден Србин од Косово чие име не го знам, а му се заканувале на некој начин, рече претседателот.
Вучиќ изјави дека нашиот народ ја почувствувал својата сила и дека државата стои зад него, но дека мора да бидеме рационални и одговорни.
Дејан Пантиќ, за чие апсење беа подигнати барикади, вчера беше пуштен од затвор во домашен притвор и пристигна дома во Косовска Митровица.
Здравјето му е добро, среќен е што е дома, вели синот Предраг и додава дека не се жали на третманот што го добил.
Косовската полиција на 10 декември во Јариње го уапси поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, кој со сопругата се враќал од Рашка.
По апсењето, косовските Срби кои веќе 19 дена блокираа патишта во северниот дел на Косово.