557
На денешата прес-конференција, членови на комисијата на Државен пазарен инспекторат, истакнаа дека се постапува по дисциплинската мерка против инспекторот Ѓорѓи Илиевски.
„По изведување на доказите, донесена е одлука и се доставува до раководното лице. Во законски утврдениот рок, раководсното лице треба да постапи по истата, може истата да ја прифати или да постапи различно и да даде образложение за тоа. Директоро треба да одлучи дали ќе изрече дисциплинска мерка. Согласно постапката, комисијата доставува предлог за изрекување дисциплинскамерка. Констатирано е дека е сторен прекршок. Постапката поритв инспекторот е согласно Законот за административни службеници“, истакнаа денеска од Комисијата.