Ќе се објавуваат јавно имињата на оние кои одбиваат да примат решенија за самоизолација?

by Frosina Fakova

Здравствените власти размислуваат имињата на оние кои одбиваат да примат решенија за самоизолација, а треба да бидат изолирани да се објавуваат јавно најверојатно на страницата на Министерството за здравство, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Ова е едно од решенијата бидејќи голем број на луѓе кои треба да бидат во самоизолација давале погрешни адреси и не сакале да примат решенија за самоизолација.

– Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите е, и тоа во многу брзо време ќе го расчистиме, јавно да се објави, според законот за управна постапка, и список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, заради тоа што навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ, нагласи Филипче.

Инспекторите секојдневно се соочувале со проблеми, а за изготвување на решенијата на помош ја повикале и правната служба на Собранието.

Поврзани новости