Ќе се молиш да ја имаш судбината на Груевски, му порача албанскиот опозиционер на Еди Рама

by fokus

Пред денешниот петти голем протест на обединетата албанска опозиција, лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша му порача на премиерот Еди Рама да не се прави силен, бидејќи во „најдобар случај ќе се моли да ја има судбината на Никола Груевски“.

-По драмата на синоќешното насилство против опозиција, што го видоа сите Албанци и целиот свет и пред утрешниот народен протест во 18,30 часот сакам јасно да му порачам на лидерот на кликата на власт: „Не ја преминувај границата. Не се прави силен со оклопни возила и солзавец. Заборави дека можеш да дојдеш и да бидеш на власт со насилство. Во најдобар случај ќе се молиш да ја имаш судбината на Никола Груевски, изјави Баша.

Посочи дека неговата Демократска партија и целата обединета опозиција настојуваат да ја вратат политичката нормалност во земјата, демократијата, надежта и можноста секој Албанец да живее достоинствено.

Баша еден час пред полноќ објави и видео снимка во која упати апел до граѓаните да се придружат на протестот што ќе се одржи денеска во 18,30 часот, бидејќи „надежта е осветлена“.

-Ништо не може да ги запре Албанците да се борат за слобода, за европски стандарди. Надежта е осветлена! Криминалната власт повеќе не може да ја засени, денес сме посилни од било кога. За Албанија, како цела Европа, стои во видео пораката објавена од Баша.

Претходно Баша порача дека деновите на „криминалната хунта и на балканскиот Мадуро ( Еди Рама) се избројани“.

Поврзани новости