Ќе се менува Деловникот на Владата за да Груби добие „титула“ на прв вицепремиер

by fokus

Премиерот Зоран Заев најави дека Деловникот за работа на Владата ќе биде сменет на денешната или на владината седница в четврток за да се прецизираат надлежностите на првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и тројцата вицепремиери.

„Во тоа треба да направиме точно разграничување дека во отуство на премиерот, првиот заменик претседател на Владата го заменува во делокругот на надлежностите, но секој од замениците претседатели на Владата е одговорен во одредена област, односно трите столбни комисии на Владата ќе ги водат токму трите потретседатели на Владата. Комисијата за политички систем ќе ја води првиот заменик претседател на Владата, Комисијата за човечки ресурски и одржлив развој ќе ја води потпретседателот Љупчо Николовски и Комисијата за економски систем ќе ја води потпретседателот Фатмир Битиќи“, рече Заев.

Позицијата прв вицепремиер беше договорена во рамки на разговорите на Заев со лидерот на ДУИ Али Ахмети и таа му припадна на Артан Груби.

Поврзани новости