Ќе се мажи ќерката на Маленко и Сузана Турунџиева

by fokus

Македонската водителка, Сузана Турунџиева објави дека нејзината ќерка Лора ќе се мажи. Таа тоа го објави на својот фејсбук-профил на кој со статус им даде благослов на Лора и Филип.

„Животот никогаш не ми даде трошка време да се подготвам ни за тагата, ни за радоста. Нека биде радост! Доста беше тага. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне“, напиша Турунџиева. По ова следеа еден куп коментари со честитки за Лора и нејзиното момче Филип. Лора е првата ќерка на Сузана, која ја има од бракот со пливачот Александар Маленко.

Поврзани новости