Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни претседатели

by fokus

Антикорупциска комисија ќе испитува судир на интереси во одлуката поранешниот претседател Ѓорге Иванов да закупи канцеларии во зградите на Џевахир. Отворањето на постaпката следи по написите во медиуми дека сопственик на зградите каде Иванов ќе закупи простор е фирмата Турмак, во сопственост на семејство со кое Иванов има кумашински релации.

На денешната седница Комисијата одлучи да се испитаат сомнежи за вакви злоупотреби и кај поранешни претседатели на државата. Како што рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, освен можен судир на интереси ќе се испитува и постапката за избор на канцелариски простор кај досегашните претседатели.

-Ќе испитуваме дали има државната служба за општи и заеднички работи да понуди простории, ако нема тогаш како се врши изборот на тие простории – рече Ивановска.

Во случајот со Иванов станува збор за закуп на два стана кои ќе ги користи како негов кабинет. Становите се со површина од 274m2, а киријата е во висина од 1.950 евра месечно, средства што ќе ги покрива државата.

Маја Васева

Поврзани новости