Ќе се гради затворен базен во Велес

by fokus

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски денеска информираше дека новиот затворен пливачки базен ќе биде лоциран во непосредна близина на постоечкиот градски базен, на самиот влез од северната страна каде во моментов се поставени реквизити за деца.

Тој појасни дека објектот за базенот ќе биде со димензии 20,4 х 30,4 метри, со висина од 5,6 метри. Самиот базен ќе биде со димензија од 25 х 9 метри, а со длабочина од минимум 80 сантиметри до 1 метар и 20 сантиметри.

– На овој начин граѓаните ќе добијат пливачки комплекс во кој и младите и постарите генерации ќе можат да спортуваат и да се рекреираат во текот на целата година, потенира Коцевски.
Тој појасни дека новиот базен нема да се гради како што првично најавуваше во дворот на ООУ „Васил Главинов“ бидејќи Министерството за образование не му дозволиле измени и дополнувања на ДУП на таа локација.

Воедно информира дека за ова лето ќе го реконструира постоечкиот отворениот пливачки базен стар 40 години, кој минатата година поради опасност да се сруши беше затворен и не работеше во летната сезона.

Коцевски информира дека според нивните првичните пресметки реконструкцијата ќе чини 50 илјади евра, а ќе се изведе со општински буџетски средствадоколку не се изнајде друго решениеВоедно појасни дека веќе се води набавка за проект за санација на отворениот базен

Тој на денешната прес-конференција информира дека на вчерашната 28 седница на негов предлог Советот на Општина Велес донел одлука за изработка на физибилити студија за Офицерскиот дом за да се утврди можноста објектот кој е во лоша состојба да се врати во употреба преку јавно-приватно партнерство, со концесија на 20 години.

Градоначалникот Коцевски денеска на прес конференцијата информира дека  за земање под концесија на Офицерскиот дом веќе има голем интерес од бизнис заедницата, а некои од заинтересираните стопанственици од Велес веќе предложиле и проекти за ревитализација на објектот. Претходниот градоначалник на Велес најавуваше Офицерскиот дом да биде пренаменет во Градска куќа со повеќе намени  за потребите на општината и граѓаните.

Поврзани новости