Собранискиот спикер Гаши следната недела планира состанок со компнијата АНГО од Скопје, на кој ќе ја убедуваат да се откаже од проектот за изградба на катна гаража до Собранието, но која ќе биде понудата на државата за да го премисли инвеститорот засега е непознато.
Земјиштето кое сега е оградено со црвени тараби, компанијата од државата го купи во 2013 година на јавно наддавање организирано од министерството за транспорт на чие чело тогаш беше Миле Јанакиевски. Фирмата плати 136 евра од квадрат или 333.000 евра вкупно за 2455 м2.
Намерата на власта да преговора со инвестирот, ја сооошти вчера премиерот Христијан Мицкоски, откако МВР, спротивно на одлуката пред 15 години, сега оценило дека изградбата на објектот би претставувал безбедносен ризик.
Одобрението за градење е добиено во 2014 година, но за 4 години подоцна, во 2018 година, градежната дозвола за гаражата е поништена од страна на Општина Центар, бидејќи биле пропуштени роковите за градба.
Сепак, по жалбата на инвеститорот и неколкугодишната судска постапка, дозволата за градба повторно си ја враќа, но од Општината велат дека во моментов немаат никаков правен механизам со кој би го спречила градењето.
Багерот што пред неколку дена се појави кај Собранието, кога земјишетeто беше заградено за да се почне изградбата на долгонајавувата катна гаража, денеска го немаше на терен.