58
Избирачите на изборите што ќе се одржат годинава ќе може да гласаат со лична карта или патна исправа чијашто важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.
Собранието денеска на 147 седница по скратена постапка со 84 гласови „ЗА“ и 2 воздржани без расправа го изгласа Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.
Повеќе од 100.000 граѓани кои имаат право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори во земјава немаат важечка лична карта, а пасошите што ги поседуваат се со старото уставно име, покажуваа податоците од МВР.
Измените беа поднесени од кординаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и АА.