391
Владата планира формирање на две институции кои ќе ја надгледуваат примената на Законот за употреба на јазици кои би се донел во иднина. Овие две институции ќе произлезат од Законот кој се уште е во процес на изработка и дополнително ќе се утврдуваат нивните надлежности.
На вчерашната владина седница се отворила дебата за Предлог законот за употреба на јазиците. Од Владата информираат дека по првичната дискусија е утврдено дека е потребна понатамошна координација со цел да се постигне усогласување за начинот на имплементација на законското решение. Предлог законот ќе биде ставен на дневен ред на некоја од наредните владини седници.