Во завршна фаза е процесот на формирање Агенција за безбедност на патишта, ново независно тело со професионален кадар, со крајна цел да се намалат бројот на жртви во сообраќајот. Предлог законот е веќе подготвен, до крајот на месецов треба да биде предложен до Владата, а во првиот квартал следната година на дебата до Собранието и да биде изгласан, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Целта на новото извршно тело ќе биде создавање модели за координација на активностите за подобрување на безбедноста преку безбедна инфраструктура, квалитетни обуки на возачите, проценки кои се безбедни возила кои можат да се вклучат во сообраќајот, обуки на службите за реакции по сообраќајни несреќи и сет други мерки кои значително ќе ја зголемат безбедноста на патиштата, рече Бочварски.