Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ утре ќе се дели помош за 136 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Шуто Оризари. Обезбедени се прехрамбени и хигиенски пакети и школски прибор за 136 децата кои се таргетирани со проектот.
Во текот на наредната недела во рамките на истиот проект ќе се дели помош и во Тетово и Гостивар за дополнителни 74 деца Роми опфатени со проектот.
Пакети со храна, хигиена и школски прибор ќе добијат вкупно 210 деца Роми кои се вклучени во предучилишно образование во Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.
Покрај пакетите со храна, хигиена и школски прибор, во текот на наредната недела ќе се доделат и 170 таблети за учениците Роми вклучени во прво, второ и трето одделение а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.
Целата помош ќе биде поделена во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини.
Целта на оваа помош е да се помогне на децата и учениците Роми успешно да продолжат со образовниот процес како и да се намалат последиците врз нивното образование поради ситуацијата со COVID 19.
Оваа помош е обезбедена со проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ кој е финансиран од Европската Унија и Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Проектот го имлементираат Ромски Ресурсен Центар од Скопје во партнерство со Сонце од Тетово, а е менаџиран од Ромскиот Едукативен Фонд.
Овој проект е дел од програмата „Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.