ВМРО-ДПМНЕ денеска најави нов протест, односно протестен марш кој ќе почне пред Министерството за правда. Иако и досегашните протести беа во организација на партијата, сепак од нејзиниот врв присуствуваа само лидерот во оставка, Никола Груевски, Влатко Ѓорчев, Антонијо Милошоски, и повремено партискиот секретар Христијан Мицковски.
На првиот ден протести се појавија и поранешните градоначалници Коце Трајановски и Ивица Коневски. Сепак, на протестите не доаѓаат најголем дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и членовите на Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Според членот на ВМРО-ДПМНЕ, Самоил Малчески, најавената оставка на Груевски е токму поради, како што вели, фијаското на протестите каде поддршка не добива ниту од партиските функционери.