Ќе патува на Месечината, а се наоѓа пред банкрот

by Fokus

Јусаку Маезава, еден од најбогатите Јапонци и прв турист на Месечината, продава неколку уметнички дела, кои ги поседува, бидејќи останал без пари.

Маезава, директор на онлајн модната продавница Зозо, тоа го соопшти на Твитер.

Кога неговите следбеници го прашаа дали тоа значи дека е пред банкрот, тој одговори: „Да, никогаш немам пари, бидејќи секогаш ги трошам“.

Сликите кои Маезава планира да ги продаде по пат на аукција, вредат милиони, а меѓу нив е и делото на Енди Ворхол.

И покрај таквиот одговор, вистината е дека Маезава не е ниту близу до банкрот, но неговата финансиска состојба е влошена.

Имено, тој изгуби 700 милиони долари во последната една година, и падна од 18 на 22 место на листата на Форбс на најбогати Јапонци.

Инаку, Јусаку Маезава (43) ќе биде првиот кој како турист ќе ја посети Месечината. Летот треба да се реализира до 2023 година.

Поврзани новости