Ќе никнат ли Бугари на пописот во Албанија?

„Бугарија сака да ја опколи Македонија со бугарско малцинство признато од тие држави.“

by fokus

Во Албанија во октомври годинава ќе се одржи попис на населението. Ова ќе биде прв попис откако во 2017 година, албанската држава призна постоење на уште едно малцинство: бугарското.

Под притисок на Бугарија и закани за вето на патот кон ЕУ, албанскиот Парламент во 2017 година го донесе законот во кој го признава и бугарското малцинство. А, според Бугарија, наводното бугарско малцинство живее во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора. Односно, за нив Македонците во Албанија се Бугари.

Албанија спороведува пописи уште од 1923 година и на ниту еден попис оттогаш нема регистрирано бугарско малцинство. Изјаснувањето според етничка припадност таму е дозволено и надвор од признаените малцинства.

На последниот попис во 2011 година не е регистрирана посебна етничка група Бугари. Има етничка група Македонци, со вкупно 5.512 граѓани.

Разговаравме со Никола Ѓурѓај, претседател на здружението „Илинден“ од Албанија. Тој вели дека стара политика на Бугарија е да ги прикаже Македонците од Албанија како Бугари и за тоа тие ја предупредиле и македонската држава.

Од кога е формирана Алабнија, државата спроведува пописи. Нема ниедно лице изјаснето како Бугарин. Кој им забрануваше во 1915 година, 1950 година? Реално бугарско малцинство во Албанија не постои, вели Ѓурѓај.

Тој смета дека целта на Бугарија е да ја опколи Македонија со таканаречно бугарско малцинство.

Бугарија сака да ја опколи Македонија со бугарско малцинство признато од тие држави. И утре што ќе каже дека има во Македонија? Исто Бугари. Македонците во Албанија се колатерална штета, заклучува Ѓурѓај.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ И ТОА КАКО БУГАРСКИ ЗДРУЖЕНИЈА ВРШАТ ПРОПАГАНДА ВО АЛБАНИЈА МОЖЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Катерина Смилева Божиновска

 

 

Поврзани новости