Во Кривичниот суд денеска ќе се одржи ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во кој се обвинети 14 лица. СЈО ги товари обвинетите за насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.
Меѓу обвинетите е и пратеникот Никола Груевски, кој вчера доцнеше на судењето по предметот „Тракеторија“. Груевски пристигна во судот откако судијката го одложи рочиштето, по што рече дека ќе се потруди во иднина да пристигнува на време.
-Ќе направам се што е во моја моќ да не доцнам повеќе – изјави вчера Груевски.
На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.
Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.