Извори од националната влада во Јужноафриканската Република (ЈАР) за весникот Sunday Times потврдија – претседателот на Русија, Владимир Путин може да биде уапсен ако присуствува на состанокот на БРИКС.
Според инфомациите, властите ќе бидат принудени да го приведат Путин затоа што Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење во март годинава.
Претседателот на ЈАР, Сирил Рамафоса, според информациите за кои нема официјална потврда, веќе формирал специјална комисија задолжена да го истражи налогот за апсење.
Комисијата утврдила дека ЈАР нема да има избор да го уапси Путин, доколку тој стапне во земјата.
„Немаме друга опција освен да го уапсиме Путин. Ако дојде овде, ќе бидеме принудени да го приведеме“, изјавил владин претставник за Sunday Times.
Кремљ се уште не потврди дали рускиот лидер ќе присуствува на самитот на БРИКС.