Ќе ја сопрат ли санкциите економијата на Русија?

by Fokus

Кина стана најголемата дестинација за руски извоз од 2014 година, а Русија се помалку се потпира на трговијата, што ја доведува во прашање ефикасноста на новите санкции поради признавањето на Луганск и Доњецк, предупредува Ројтерс.

Новите санкции поради признавањето на одметнатите украински региони Луганск и Доњецк би можеле да ја поттикнат Москва дополнително да ја зајакне трговијата со Кина која не е деноминирана во долари, смета поранешниот американски трговски преговарач и функционер на Светска банка, Хари Бродман.

-Проблемот со воведувањето санкции за производителите на нафта како Русија ќе биде „дупка“ во системот.

„Кина може да каже: „Ќе купуваме нафта на отворен пазар и не ни е многу грижа дали нафтата е руска“, рече Бродман.

Според декретот потпишан од американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот, сите компании во рускиот сектор за финансиски услуги би можеле да подлежат на нови санкции, истакнувајќи дека повеќе од 80 отсто од дневните девизни трансакции на Русија и половина од нејзината трговија се вршат во долари.

Западот воведе санкции кон Москва во 2014 година, по анексијата на Крим, а САД, ЕУ, Велика Британија, Австралија, Канада и Јапонија најавија нови санкции во вторникот поради признавањето од страна на Русија на отпадничките украински региони Луганск и Доњецк. “.

Соединетите држави на тој начин воведоа санкции за руските банки ВЕБ банка и Промсвјазбанк за сервисирање на продажба на оружје и ја ограничија трговијата со рускиот државен долг.

ЕУ го замрзна имотот на руските парламентарци кои гласаа за признавање на Луганск и Доњецк и „поткопување и загрозување“ на територијалниот интегритет на Украина со забрана за влез и подготовка на санкции против руските компании во воениот, банкарскиот и финансискиот сектор.

Велика Британија воведе санкции кон Русија, ИС банка, Генбанк, Промсвјабанк и Црноморската банка и го блокираше имотот на неколку руски олигарси.

Објавувајќи го првиот пакет санкции кон Русија во вторник, Бајден рече дека „ќе преземе силни мерки за да се осигура дека последиците од нашите санкции ги сноси руската економија, а не нашата“.

Тоа можеби звучи едноставно во теорија, но практиката е нешто друго, предупредува Ројтерс. Русија е еден од водечките светски извозници на нафта, гас, бакар, алуминиум, паладиум и други важни суровини. Цените на нафтата во вторникот го достигнаа највисокото ниво од 2014 година, потсетува агенцијата.

Според Светската банка, Русија учествувала со 1,9 отсто од светската трговија во 2020 година, што е речиси цел процентен поен помалку отколку во 2013 година, а анализата на податоците за руската трговија во базата на податоци за меѓународна трговија покажува дека зависноста на Русија од трговијата се намалува веќе 20 години..

Променети се и руските извозни дестинации. Така, Холандија пред десет години беше главна извозна дестинација поради трговијата со нафта, а во меѓувреме нејзиното место го зазеде Кина. Германија и Британија ги задржаа своите сегашни позиции додека рускиот извоз во Белорусија се зголеми.

Кина исто така е на прво место на листата на извозници во Русија, снабдувајќи ги своите соседи со играчки, текстил и облека, како и мобилни телефони и софистицирана електроника. Нејзиниот удел во рускиот увоз се зголеми од 2014 година, додека уделот на Германија значително опадна.

Во изминатите 10 години, украинскиот извоз во Русија исто така значително се намали. Според податоците на Светска банка, Украина во 2020 година извезла најмногу алумина, железничка опрема, јаглен, челик и ураниум во соседната земја.

 

Поврзани новости