Француското претседателство истекува за неколку дена, Владата е отворена да ја разгледа новата верзија доколку пристигне, рече на 360 Степени министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Француското претседателство е до 30 јуни, тоа значи дека во наредните денови, доколку тие се решат за нов предлог, согласно овие ставови на двете страни кои беа и јавно објавени, ние сме отворени да го процениме. Доколку добиеме предлог, ќе бидат консултирани институциите и ќе донесеме решение. Апсолутно нема да се водиме од хибридни напади, од разочарани политичари кои сметаат дека можат да вратат кариера на бранот на јавното расположение. Ние сме избрани да водиме и ќе водиме доколку сме убедени дека тоа е политика која води напред за граѓаните и државата – наведе Османи.