Ќе испитаме дали медицински тим пиел кафе на бензиска, додека пациент чекал во амбулантно возило, да ги пријавите сите, им рече Меџити на новинарите

by Fokus

На денешниот брифинг новинариите бараа министерот за здравство Фатмир Меџити да преземе мерки за тим на Итна медицинска помош, кој постапил непрофесионално. Една новинарка рече дека добила информација и материјал според кој пациент чекал во амбулантно возило со кислородна маска, а медицинскиот тим пиел кафе на бензинска.

„Ако го потврдиме, ќе преземеме најригорозни мерки. Веднаш ќе го разгледаме тоа во Министерството и да го потврдиме точно“, рече Меџити.

Тој ги охрабри сите што имаат вакви информации да ги споделат, а тој се обврза дека ќе постапи.

„Ќе испитаме како било и дали е точно. И да ги пријавите сите со име, презиме, адреса“, додаде Меџити.

Поврзани новости